Објавено на Nëntor 14, 2023

Државниот санитарен и здравствен инспекторат доби Плакета 

На ден 13.11.2023 година, ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина ,,13 Ноември “- Скопје, прослави 65 години грижа и унапредување на здравствената и социјалната заштита на старите лица.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат изразува Благодарност на Директорката Д-р.Салија Љатиф Петрушовска  и тимот на здравствени работници и соработници за честа  и вниманието, за доделување на плакета за особен придонес за развој и деловна соработка помеѓу институциите.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат посакува уште многу години успех и напредок на секое поле во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина ,,13 Ноември “- Скопје.

Publikuar në:: E paketegorizuar, Të reja