Објавено на Nëntor 20, 2023

Развој и имплементација на активности за јакнење на капацитетите во областа на безбедност на пациентите

Во рамките на Експертската поддршка за развој и имплементација на активности за јакнење на капацитетите во областа на безбедност на пациентите, поддржана од канцеларијата на Светската здравствена организација, Скопје во периодот од 14-17.11.2023 година, во Хотел Александар Палас, се одржа работилница за намалување на ризиците од несакани случувања  во здравствените установи од аспект на интрахоспитални инфекции, давање на лекови, трансфузија на крв и крвни деривати, безбедна хирургија и безбедно породување, сегментот на идентификација на пациенти и комуникација меѓу здравствените работници.

Работилницата беше наменета за директорите на здравствените установи на територијата на Република Северна Македонија и членовите на Комисиите за следење на квалитетот на здравствената заштита при болничките установи.

Во реализирањето на работилницата, Државниот санитарен и здравствен инспекторат преку д-р Весна Н.Димитровска, раководител на Сектор за инспекциски надзор,  зема активно учество со презентација од областа на законската регулатива во Република Северна Македонија за заштитата од заразните болести со посебен акцент на интрахосписталните инфекции како еден од можните несакани случувања во здравствените установи.

Publikuar në:: E paketegorizuar, Të reja