Известување за втор и трет примерок на земени мостри за лабораториско тестирање
Сите субјекти кои вршат промет (увоз/промет на мало) со детски играчки и козметички производи, а биле предмет на инспекциски надзор во текот на 2023 година, да се обратат во подрачното одеделение на Државниот санитарен и здравствен инспекторат каде е воден предметот со цел да го подигнат вториот и третиот примерок-мостра од производот кој во текот на постапката е земен за лабораториско тестирање.
При вршење на инспекциски надзор инспекторот е овластен да земе примерок за испитување на здравствена исправност на козметички производи, детски играчки и предмети за општа употреба . Мострите се земени , означени и запакувани согласно чл.29-а од Законот за санитарна и здравствена инспекција. Примероците -мостри кои нема да бидат подигнати од увозниците или од претставник на правни и физички лица кои вршат промет со детски играчки или козметички производи ќе бидат предадени на социјални установи во Република Северна Македонија.