Објавено на Janar 10, 2024

ИНФОРМАЦИЈА: Активности на Државниот санитарен и здравствен инспекторат во сегментот   надзорот  над увоз за 2023 година

Во текот на 2023 година,  до Државниот санитарен и здравствен инспекторатот  поднесени се  вкупно   13417    барања  за одобрен увоз лиценца I008  .   Сите  барања се решени  во законски рокови . Број на земени примероци за лабораториско испитување   304  примероци и тоа 107 мостри детски играчки и 197 мостри  козметички производи и предмети за општа употреба.

Во текот на  надзорите над увоз  е постапувано согласно законските прописи кои ја регулираат безбедноста на козметички производи детски играчки и предмети за општа употреба.

На  почеток на 2023 до секој инспектор доставен е Годишен план за земање примероци (ГПЗП) – Стратегија што ги одредува степенот и зачестеноста на земањето примероци задолжителни за увезените стоки, утврдено  врз основа на анализа на ризик. Ефективна и ефикасна  контрола на стоките во меѓународната трговија игра важна улога во обезбедувањето на соодветно ниво на заштита на здравјето и безбедноста на луѓето .

  • Тестирани примероци

Во 2023 година вкупно лабораториски  тестирани се 304 примероци   во ЈЗУ Институт за Јавно Здравје . Во текот на 2023 година од увоз нема небезбедни производи.

  • Во сите случаи кога  се доставува примерок  за лабораториско тестирање пратката  од увоз се става под здравствен надзор и е забранет промет со истата  до добивање на резултат од лабораторија  за безбедност на производот .
  • Инспекцискиот надзор над увоз  и земањето примероци од увезените производи за лабораториско тестирање  во моментот на влегување во земјата е важна и оправдана мерка за да се заштити здравјето и безбедноста на домашните потрошувачи.
  • Истовремено, овие инспекцискии контроли може да резултираат со доцнење на транспортираните стоки и да предизвикаат директни дополнителни трошоци за увозникот.
  •  Цел на контролата е постигнување на рамнотежа помеѓу заштитата на здравјето и безбедноста на домашниот потрошувач и олеснување на меѓународната трговија.

Промени во EXIM во текот на 2023 година:

Две тарифни ознаки 3402 и 3405 не се веќе  дел од лиценца I008 , односно  не се во надлежност на ДСЗИ.

  • 3402- Органски површински активни средства (освен сапун); површински активни препарати, препарати за перење (вклучувајќи помошни препарати за перење) и препарати за чистење, со додаток или без додаток на сапун, освен оние од тар. број 3401:
  •  3405 -Политури и кремови, за обувки, ме­бел, подови, каросерии, стакло или метал, пасти и прашоци за чистење и слични препарати.

Исто така донесен е нов правилник.

  • Правилник   за начинот на пресметување и висина на трошоци на инспекциски надзор во постапките поведени по барање на странка.

 Службен весник бр.240/2023 ,  објавен   на ден 14.11.2023 година.

Промена во поднесување на документи во EXIM . Се доставува известување за отпочнување со вршење на дејност  за магацин за складирање наместо решение за утврдување на минимално технички услови (ХТП) .

Планирања за 2024 година.

Во текот на декември 2023 година доставен е распоред за работа на инспекторите за сите терминали и индивидуален план за земање на примероци согласно годишен план за земање примероци.

Планирани се  вкупно 103 мостри од увоз : 52 мостри козметички производи, 49 мостри  детски играчки и 2 мостри предмети за општа употреба .

Во текот на 2024 година се планира ревидирање на  надлежностите на ДСЗИ во тарифните  ознаки кои се дел  од лиценца I008.

Publikuar në:: E paketegorizuar, Të reja