Објавено на Prill 11, 2024

Работилница за развој на акциски план за подобрување на лабораторискиот и епидемиолошки надзор на две приоритетни болести (Ханта-вирус и Конго-кримска хеморагична треска)

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Др.Изеир Илази и Др. Викторија Стојановска земаа учество во Работилница за развој на акциски план за подобрување на лабораторискиот и епидемиолошки надзор на две приоритетни болести (Ханта-вирус и Конго-кримска хеморагична треска),која се одржа во периодот од 3-5 Април 2024 година во Скопје под покровителство на Светска здравствена организација.

СЗО има за цел да ги поддржи земјите и да ги зајакнат системите во јавното здравство за следење на заразни болести, со цел да се исполни посветеноста на Меѓународните здравствени регулативи (СЗО. МЗР, 2005). Во таа насока, СЗО даде предлози за зајакнување на компонентите за ХЕРП во глобални рамки (СЗО.10 предлози како заедно да изградиме побезбеден свет, 2022). За ефективно да се одговори на сè поголемите вонредни здравствени ситуации, земјите треба да се фокусираат на зајакнување на петте основни компоненти за вонредни здравствени ситуации  

1.  Колаборативно следење;

2. Заштита на заедницата;

3. Безбедна и приспособлива нега;

4. Пристап до медицински противмерки; и

5. Координација при вонредни ситуации.

Групата на вирусни херморагични трески: вирусот на Конго-кримска хеморагична треска (ККХТ), хантавирусот (вирусна хеморагична треска со бубрежен синдром) беа меѓу 5 најприоритетни, заедно со респираторните патогени и групата на вектор преносливи болести. Националниот експертски тим разговараше дека приоритет треба да биде изработка на акциски план за да се зајакне системот за следење за групата патогени на вирусни хеморагични трески.

Целта на работилницата е да се одржува тридневна работилница со националниот експертски тим од различни сектори и со пристапот „Едно здравје“ и да се изготви акциски план за зајакнување на системот за следење на групата патогени на вирусни хеморагични трески (ККХТ и хантавирус) во земјата, со цел да се развијат посилни системи за брзо спречување, откривање и одговор на вонредни здравствени ситуации.

Во работилницата беа поканети експерти вклучени во системот за спречување, откривање и одговор на групата патогени на вирусни хеморагични трески: Државен санитарени здравствен инспекторат, Министерство за здравство; епидемиолози и лабораториски експерти од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и 3 регионални Центри за јавно здравје (Тетово, Велес, Штип) со регистрирани случаи на ККХТ и хантавирус;; лекари од Универзитетската клиника за заразни болести и од Универзитетската клиника за нефрологија, каде што доаѓаат најголем број од случаите; Ветеринарен институт (микробиолошка лабораторија за животни) и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Publikuar në:: E paketegorizuar, Të reja