Објавено на Qershor 1, 2024

Тим за анализа на политики при Министерство за здравство, поддржано од Светска здравствена организација

Потребата за зајакнување на здравствениот систем никогаш не била понеопходна. За таа цел, СЗО во Р. Северна Македонија, пилотира нов водечки курс за подобрување на здравствениот систем.

Тридневната работилница во Охрид (29 – 31 мај 2024 година), под водство на д-р Ане Јохансен во која учесниците стекнуваат подетално разбирање на основните цели на здравствениот систем, неговите функции и следење на неговите перформанси, со посебен фокус на развојот на политики и стратегии за подобрување на системот.

Учесници на обуката се претставници на Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Националната агенција за лекови (МАЛМЕД), Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Дирекцијата за е-здравство, граѓанскиот сектор и организацијата на пациенти, УНИЦЕФ и Светската банка.

Publikuar në:: E paketegorizuar, Të reja