Објавено на Shtator 30, 2024

Работна средба помеѓу Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски и Д-р сци. Кирил Лазов, Директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Денес, во Државниот завод за ревизија се одржа работна средба помеѓу Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски и Д-р сци. Кирил Лазов, Директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

На средбата, двајцата функционери разговараа за можностите за зајакнување на соработката помеѓу ревизорските и здравствените институции, со фокус на подобрување на управувањето со јавните средства и зголемување на транспарентноста во здравствениот сектор.

Главниот државен ревизор, м-р Ацевски, истакна дека ревизиите на здравствените субјекти се клучни за поефикасно користење на јавните ресурси и за унапредување на здравствените услуги. 

➡ Д-р Лазов ја потврди важноста на Државниот завод за ревизија како врховен контролен орган во државата и посочи дека заедничките напори ќе доведат до поефективно функционирање на здравствените институции. Тој го нагласи значењето на ревизијата како алатка за зголемување на ефективноста и ефикасноста на здравствените услуги, со цел подобра грижа за граѓаните.

На крајот, соговорниците се согласија дека заедничките активности и координирана поддршка ќе придонесат за повисоко ниво на транспарентност и отчетност, што ќе обезбеди посигурна и подобра здравствена заштита за граѓаните и рационално користење на буџетските средства.

Publikuar në:: E paketegorizuar, Të reja