E paketegorizuar

Државниот санитарен и здравствен инспекторат продолжува со донирање на детски играчки во детски градинки
На ден 28.12.2022год. Државниот санитарен и здрвствен инспекторат на иницијатива на Директорката Асс. М-р сци. Д-р. Рената Младеновска, заедно со Раководителот на сектор за надзор над детски играчки, козметички производи и предмети за општа употреба Д-р. Лилјана Коцева и Д-р. Меланија Илиќ Ристовиќ, санитарен и здравствен инспектор, донираше 75 детски играчки во ЈУОДГ Детска градника […]

Спроведена акција за засилен надзор над безбедност на детски играчки при увоз и козметички производи во промет
Во периодот од 01 до 31 октомври 2022год. Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведе акција – засилен надзор над безбедноста на детски играчки при увоз. Во акцијата беа земени вкупно 25 примероци од детски играчки на 6 терминали (Скопје, Тетово, Струмица, Гевгелија, Куманово и терминал во Штип ), каде во периодот од 01 до 31 октомври беше […]

Работна средба на директорката на ДСЗИ со министерот зaа животна средина и просторно планирање
На покана на Министерот за животна средина и просторно планирање Г-дин Насер Нуредини, разговаравме за предизвиците што и престојат на нашата држава во постапката за определување на заштитни зони околу објектите за јавно водоснабдување. Министерот ја истакна потребата од донесување на подготвените дваесет и две предлог Одлуки за определување на заштитни зони за водни тела […]

СТРУЧЕН СОСТАНОК НА ДСЗИ
Државниот санитарен и здрвствен инспекторат продолжува со востановената пракса за одржување на редовни стручни состаноци. На ден 25.11.2022 год. Државниот санитарен и здравствен инспекторат одржа стручен состанок во Скопје, на кој присуствуаа инспектори и правни советници вработени во инспекторатот. На состанокот се дискутираше за тековните активности и предизвиците со кои се соочува ДСЗИ, подобрување на […]

ДСЗИ зема активно учество на работната средба организирана од страна на Организација на потрошувачи на Македонија (ОПМ)
На ден 23.11.2022 година, Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) оддржа работна средба за презентација на Законот за општа безбедност на производи и Предлог Законот за технички прописи на производи и оцена на сообразност, која претставува дел од Програмата за заштита на потрошувачите на РСМ. На средбата присуствуваа преставници од ОПМ, Министерство за економија, ДСЗИ, ДПИ, Институт […]

Информација од извршени вонредни инспекциски надзори на ДСЗИ по оперативни блокови
Во периодот од 20.09.2022год. до 12.10.2022год. Државниот санитарен и здравствен инспекторат во соработка со ЈЗУ Институт за јавно здравје на РСМ, согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за заштита на населенето од заразните болести како и Правилникот за поблиските критериуми за спречување и сузбивање на интрахоспиталните инфекции, изврши вонредни инспекциски надзори во оперативните блокови при […]

Донација од ДСЗИ до ГОБ 8ми Септември
На ден 27.10.2022 година, Државниот санитарен и здравствен инспекторат донираше лична заштитна опрема на Градската општа болница 8-МИ СЕПТЕМВРИ во Скопје. Донацијата ја предаде В.Д Директорката на ДСЗИ, Асс. М-р сци. Д-р спец. Рената Младеновска на Директорот на ГОБ 8- МИ СЕПТЕМВРИ, Проф. Д-р. Христијан Костов. Донацијата содржи 1040 медицински скафандери за еднократна употреба, 225 […]

Извештај на ДСЗИ за небезбедни играчки
На ден 12.07.2022 година ДСЗИ поништи небезбедни детски играчки кукли –Fashion girl Beauty . Вид на небезбедност : во однос на механичко -физички својства согласно ЕН 71-1 , поради отпаѓање на косата од куклата при чешлање , затресување и истегнување. Земја на потекло : Република Кина.

Извештај на ДСЗИ за небезбедни играчки
На ден 13.07.2022 година ДСЗИ поништи небезбедни детски играчки СКВИШИ ЈАГОТКА- Tusisquisi . Вид на небезбедност: наод на зголемена специфична миграција на сума на примарни ароматични амини Земја на потекло: Н Р Кина

Извештај на ДСЗИ за небезбедни играчки
На ден 28.04.2022 година ДСЗИ поништи небезбедни детски играчки кукли – Kaibibi . Вид на небезбедност : во однос на механичко -физички својства согласно ЕН 71-1 , поради отпаѓање на косата од куклата при чешлање , затресување и истегнување. Земја на потекло : Република Кина.