За нас

Надлежности на ДСЗИ

Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува надзори над просторот, објектите, просториите, уредите и опремата, дејностите и лицата кои вршат здравствена дејност, како и лицата кои на било кој начин можат штетно да влијаат врз здравјето на населението.
Во оваа смисла, ДСЗИ има надлежност да врши инспекциски надзор, особено над:
– Спроведување на општи и посебни мерки за спречување на појавата, раното откривање, спречување на ширењето и сузбивањето на заразните болести и на инфекциите, а по епидемиолошка индикација – кога постои опасност од причинител на инфекција на заразни болести и во објектите за производство и промет на храна;
– Безбедноста на детските играчки, козметичките производи, средствата за одржување на хигиена и други предмети кои доаѓаат во контакт со кожа и слузници како и нивната амбалажа, во производство и промет;
– Исполнување на условите за вршење на дејност согласно со посебни прописи во објекти од надлежност на Инспекторатот;
– Санитарно-хигиенските услови во објектите, просторот, просториите, уредите и опремата на лицата кои вршат здравствена дејнсот и дејности во областа на образованието, културата, социјаланта заштита, спортот и рекреација, угостителството, туризмот, трговијата и други стопански гранки;
– Остварувањето на правата од здравствената заштита;
– Остварување на правата од здравственото осигурување;
– Производство и промет на опојни дроги, отрови и прекурзори распоредени согласно со прописите во групата на отрови;
– Спроведување на мерките за заштита од штетни материи и влијанија врз здравјето на луѓето;
– Лицата кои на работните места со својата здравствена состојба можат да го загрозат здравјето на
населението;
– Ексхумацијата и преносот на умрените лица на територија на Република Северна Македонија и преку нејзините граници;
– Лицата, стоките и превозните средства на граничните премини, а во врска со заштитата на здравјето на населението од внесувањето и ширењето на заразните болести,
– Создавањето, селектирањето, пакувањето и одлагањето на медицинскиот отпад;
– Вршењето на здравствена дејност во согласност со прописите од областа на здравствената заштита;

– Остварувањето на прават од областа на здравстената заштита;
– Извршувањето и содржината на систематските и превентивните здравствени прегледи

– Евиденциите во областа на здравството;
– Надзор над спроведувањето на прописите во однос на безбедност на крв;
– Надзор над спроведувањето на прописите во однос на прекин на бременост;
– Надзор над спроведувањето на прописите во однос на континуирана медицинска едукација;
– Надзор над спроведувањето на прописите во однос на јавното здравје;
– Надзор над спроведувањето на прописите во однос на менталното здравје;
– Надзор над спровесувањето на прописите во однос на заштита на права на пациенти;
– Надзор над прописите во областа на заштитата од пушењето
– Надзор над обврската на работодавачот во однос на пријавувањето на работникот;
– Надзор над примената на прописите во однос на забрана и спречување за вршење на нерегистирана дејност во објектите во надлежност на инспекторатот
Специфичноста на ДСЗИ се состои во вршење надзор на терен преку редовни, вонредни и контролни инспекциски надзори во сите видови на здравствени установи во делот на обезбедување на квалитетна здравствена заштита, здравствено осигурување, правата на пациентите, евиденциите во областа на здравството и спроведување на превентивните санитарно-хигиенски, противепидемиски и здравствени мерки, согласно материјалните закони кои се во надлежност на Инспекторатот. Исто така и членување во комисии, комитети, совети кои се формирани во Министерството за здравство и други државни органи, со задачи за утврдување на услови за отварање на јавни и приватни здравствении установи од сите нивоа на здравствена заштита, учество во изготвување на закони и подзаконски акти, учество во изработка на оперативни планови, учество во оперативниот дел на работата во поединечни проекти кои ги води Министерството за здравство, учество на едукативни обуки и семинари за професионално усовршување, учество во работни групи за подготвувањето на НППА и др.